Европската унија нема коментар за новите снимки за случајот „Рекет“. Пресинг ТВ ја праша портпаролот на ЕК, Маја Коцијанчич дали Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште ја има поддршката од Брисел, но оттаму велат дека не сакаат да коментираат тековни истраги .

Сепак од Брисел потсетуваат дека мора да се најде одржливо решение за СЈО и неговото интегрирање во Јавното обвинителство.

 ЕУ ја потсетува важноста за продолжување на борбата против корупцијата на високо ниво, како и воспоставување правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу нелегалното прислушување. Повторно ја потврдуваме потребата за изнаоѓање на одржливо решение за работата на Специјалното јавно обвинителство и ќе ги забележиме тековните работи на нацрт-законодавството за интегрирање на Канцеларијата на Специјалното обвинителство во Јавното обвинителство-вели Коцијанчич за Пресинг ТВ.