Европската унија молчи за настојувањето на власта по секоја цена да се усвои Законот за попис и покрај критиките од јавноста и без договор со опозицијата.

Освен протоколарните изјави на официјален Брисел дека е потребно попишување, нема ниту една реакција дали подджуваат ваков предлог закон со кој пописот нема да биде по стандардите на Еуростат, пишува „Република“

„Република“ се обиде да добие одговор од портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро дали подджуваат попис во кој ќе се попишуваат сите државјани на Македонија, наместо актуелно население или т.н резиденти.

„Република“ прашува и дали знаат за некоја земја-членка на ЕУ која спроведува ваков попис и каде за резултатите од него треба да се согласни директорот и заменикот на Заводот за статистика.

Но, и по шест дена, од Брисел не добивме никаков одговор.