До 30 септември идната година Република Македонија треба да ги исполни препораките на ГРЕКО во борбата против корупцијата, произлезени од петтиот еволуционен круг, што се однесува на премиерот, министрите и МВР.

Според шефот на делегацијата на Владата во ГРЕКО, проф. Ана Павловска-Данева, од добиените 23 препораки, 9 се однесуваат на Владата и министерствата, а 14 на МВР.

Од тие што се однесуваат на Владата и министерствата, меѓу другото, произлегуваат обврски за утврдување на критериумите за избор, описот и пописот на работните обврски на советниците на премиерот и на министрите и спроведување тестови за конфликт на интереси и интегритет.

Мора да се измени етичкиот кодекс за однесување и да се воведат парични санкции за неговото непочитување од страна на министрите, изјави Павловска-Данева, додавајќи дека сето тоа мора да биде проследено со максимална транспарентност.

Посебно внимание треба да се обрне и на законот за лобисти, чие спроведување во пракса се покажало како незадоволително и максимално нетранспарентно.