Собранието експресно ја усвои потребата за донесување за Законот за амнестија за настаните од 27 април. Предлогот треба да ги помине законодавно-правната и во комисијата за политички систем и потоа се враќа на пленарна расправа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе учествуваат во расправата но оти и натаму остануваат на ставот дека е потреба целосна а не селектива амнестија.

. Се очекува по комисиската расправа, Законот за амнестија по скратена постапка вечерва да биде ставен за гласање на пленарна седница.

Предлог-законот се однесува на амнестија на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април. Според предлогот нема да бидат амнестирано организаторите и подготвувачите на нападот, оние кои извршиле насилство, оние кои носеле фантомки и оружје.

Барањето за амнестија ќе може да се поднесуваат пет дена од носењето на законот.