Дел од експертите кои по барање на владата учествуваа во дебатите за уставните амандмани добиле хонорар од 20 000 денари.

Ова денеска го потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција. Тој вели дека хонорар добиле ескпертите кои подготвиле стручен труд кој го презентирале во рамки на дебатите.

Немаше прецизен одговор за бројот на експерти ангажирани од владата за јавните дебати кои добиле хонорар. Веројатно се работи за 8 експерти на кои според Бошњаковски им била нрачана експертиза.