Државната изборна комисија денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи. Ова информација не би била воопшто зачудувачка ако не се погледнете внимателно бројката на запишани избирачи.

Таа е за 29, 847 поголема од изборите пред четири години. Во 2016 година бројот на избирачи беше 1.784.416 .

Но, разликата е во тоа што сега СДСМ од позиција на власт немаат никакви забелешки за Избирачкиот список.

Во 2016 година пак имавме сосема различна ситуација. Тогаш СДСМ како опозиција тврдеше дека поради бројот на запишани гласачи не може да има фер и демократски избори. Тогаш велеа дека во него има дури 300.000 т.н фантомски гласачи со кои тогашната влааст ги добивала изборите.

Да се потсетиме како беше во 2016 година

Според Договорот од Пржино, изборите требаше да бидат на 24 април 2016 година. Но како што се доближуваше датумот СДСМ велеше дека нема услови за избори и оти е неопходно да се прочисти Избирачкиот список.

СДСМ, коалициските партнери од оваа борба нема да отстапат. Без прочистен избирачки список и без слободни медиуми нема фер и демократски избори-велеше тогаш опозиционерот Заев.

Под притисок на странците изборите беа одложени за петти јуни, но не се случија поради истите причини, иако и тогаш беа познати носителите на листите. Тогаш Заев велеше дека „нема да одат на избори бидејќи ќе победеле а Груевски и Ахмети немало да ги признаат“.

До одредувањето на нов термин за изборите, а тоа беше 11 декември, СДСМ како услов да учествува бараше околу 100.000 граѓани да се стават на посебен избирачки список.

Тоа беа гласачи кои според тогашната опозиција беа спорни, а пак 30.000 граѓани беа привремено избришани од списокот.Подоцна тие гласачи беа вратени во Избирачкиот список бидејќи немаше никаква законска основа тие да бидат отстранети од списокот на гласачи.