Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од денеска се отворени повторно за патнички летови, по паузата од средината на март како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19.

На двата аеродрома се применуваат нови протоколи според препораките од Комисијата за заразни болести.

Првите полетувања од скопскиот аеродром се претпладне за Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн, а ги реализира Виз Ер, додека првите слетувања се од Истанбул на авиокомпаниите Туркиш ерлајнс и Пегасус.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, стартува со летови попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.

Првите чартер летови на охридскиот аеродром ќе се реализираат на 5 јули и тоа од и до Варшава, а на 25 јули од и до Амстердам.

Поради новите протоколи за работа е на патниците им се препорачува да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред времето за полетување, за да имаат доволно време да ги завршат  процедурите