Во тешка сообраќајна несреќа што се счучи на патот Битола-Ресен, загинало едно лице.

Во сударот на две возила, имало и повредени, коишто се пренесени во Клиничкиот центар во Битола.

Според информација на АМСМ, несреќата предизвикала одвивање на сообраќајот по само една лента.

Како што пишува порталот Скопје1.мк, во несреќата учествувале патничко моторно возило „Сеат Кордоба“ со прилепски регистарски таблички и „Фолксфаген Пасат“ со ресенска регистрација.

Несреќата се случила кај месноста викана Кажани.

Фото: Скопје1.мк