Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод Божичните празници испрати честитка до сите верници од православна веросиповест. Во честитката, Џафери им посака на верниците да го минат празникот во мир, спокој и благосостојба, во топлината на нивните домови и да бидат опкружени од нивните најблиски.

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на сите верници од православна вероисповед да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Божиќ и да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и задоволни, со сето она што го носи празничниот дух, убави и позитивни мисли во умот, јасни пораки за соживот и взаемна почит помеѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба за Вас почитувани граѓани и за модерна и европска Република Македонија!

Нека е честит и за многу години! – се наведува во честитката на Џафери.