Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово, од вчера штрајкува со глад во истражниот затвор „Скопје“, каде што се наоѓа во притвор.

-Притвореникот не извести дека ќе штрајкува со глад, поради што домскиот лекар секој ден ќе му врши прегледи за да се следи неговата здравствена состојба. Денеска ќе го известиме и судот за ваквата оддлука на притвореникот, изјави директорот на затворот Филип Андов.

По протестите во Тетово петмина беа уапсени и им беше одреден 8-дневен притвор.

Тие учествуваа во протести на кои се бараше одговорност за трагедијата со пожарот во модуларната ковид-болница, а дел од демонстрантите се судрија со полициските службеници. Судирите со полицијата настанаа откако дел од демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ, а претходно фрлаа со јајца по општинската зграда.