Дека постои иницијатива за бенефиции на пратениците и по завршување на мандатот, собранискиот спикер Талат Џафери не негира, но вели дека се уште не видел конкретен предлог закон.

„Идеја како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт-верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, изјави Џафери.

Џафери денеска организираше новогодишен појадок за новинарите и посочи дека во голем број земји со закон бил уреден статусот на народните избраници по истекот на мандатот.