Откако се познати роковите на кои ќе се бира новиот претседател на државата се отвора прашањето што доколку од било какви причини до 12 мај кога му завршува мандатот на Ѓорге Иванов не се избере нов шеф на државата.

Датумите за гласање се 21 мај и 5 мај за вториот круг. Но, сосема е извесно дали при недоволен цензус или пак инциденти и неправилности, претседател на државата да не се избере.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска запрашан што во ваква ситуација тој рече дека тој не може да се раководи со тоа што би било кога би било и дека ова е апел партиите да го почитуваат избирачкото право.

Македонија досега имала еден случај кога претседател на Собранието да ја извршува функцијата в.д претседател на државата.Тоа беше во 1995 година кога по атентатот Киро Глигоров беше спречен да ја извршува претседателската функција.

На негово место, до опоравуањето на Глигоров како в.д претседател беше Стојан Андов како тогашен претседател на Собранието.

Слична ситуација би требало да биде и во овој случај, односно Талат Џафери да биде в.д претседател до изборот на нов шеф на државата.