Министерот за економија Крешник Бектеши,  денешната прес конференција ја започна прво на албански, а потоа на македонски јазик. На прашањето на новинарите кој е официјален јазик, Бектеши изјави дека од денеска официјален јазик во земјава покрај македонскиот е и  албанскиот јазик.

На прашањето зошто прес – конференцијата ја започна прво на албански,  а потоа на македонски министерот изјави дека тоа е вообичаено и  дека оти не укажува на ништо, односно дека ние треба да се разбираме едни со други.