Претседателот Стево Пендаровски не ја сфаќа сериозно уцената која дојде од Бугарија која што стартот на преговорите со Македонија го условува со наше откажување од Македонскиот јазик како и од македонското малцинство кај источниот сосед.

Според шефот на државата не треба да се плашиме дека нашиот идентитет ќе биде загрозен, или дека ќе го изгубиме правото нашиот јазик да го нарекуваме македонски јазик бидејќи нашиот јазик е кодифициран и е службен јазик на нашата држава уште од АСНОМ во 1944 година.

Во однос на неговата содржина сакам да укажам дека се работи за документ што истакнува  одредени аспекти од позицијата на една земја, а не заедничка позиција на Унијата. Позициите на Унијата се содржани во заклучоците на Европскиот совет и тие се достапни за секого-објаснува Пендаровски за МКД.мк.

Ова сосема поинакво толкување на Пендаровски и на сегашната власт од времето кога беа во опозицијата. Тогаш тие за блокадата од Грција за почеток на преговори поради спорот за името тврдеа дека е став на целата Унија, додека во однос на Бугарија релативизираат дека се работи за став на една членка а не за целата Унија.