Двојна предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владинатакоалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн.

На прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците одговориле„да“. Од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ.

Но ако се анализираат потемелно бројките од анкетата ќе се види дека сама ВМРО-ДПМНЕ има поголема довербамеѓу народот од сите 7 партии во владината коалиција кои имаат некаква доверба меѓу Наспроти 18,6 доверба која ја ужива ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски сама рејтингот на сите партии во владата СДСМ,ДУИ, Алтернатива, ЛДП, ДПА, ДОМ, ДПТ е 18,4.

Ова е прв пат во историјата една опозициска партија да има поголем рејтинг од 7 партии во владата а притоа вовладата има и три партии на Албанците.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервју за „Република“ коментирајќи ја анкетата рече дека тоа е реалноста и оти разликата пред СДСМ ќе биде над 20 пратеници.