Истрагата за катастрофата на втобусот на автопатот „Струма“ е во рана фаза. Засега се работи на две верзии-човечка грешка или техничка неисправност, изјави директорот на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.

Жртвите се непрепознатливи и ќе бидат идентификувани со ДНК анализи, што треба да ги спроведат судски лекари.

Според неговите зборови, ваква трагедија досега немало во историјата на истрагите.

-Преживеала седум лица. Простата математика покажува дека загинале 45 лица, изјави Сарафов.

Според информациите со кои тој располага, автобусот бил дел од конвој од четири автобуси на истата фирма. Можно е патниците да се прекачувале од еден во друг, зашто пред катастрофата имало краток одмор на бензинска пумпа.

-Во автобусот имало и 12 деца, меѓу нив и близнаци. Моментно се испрашуваат преживеаните, кои се пренесени во „Пирогов“, но нивните искази се истражна тајна, нагласи Сарафов.