На инфективното одделение во регионалниот Ковид центар во Битола починаа двајца пациенти од Битола на возраст од 69 и 77 година, објави ТЕРА телевизија.

Со ова бројот на починати лица од Битола од почетокот на пандемијата до денеска се искачи на 127 лица.

Заклучно со вчера бројот на активни случаи во Битола е 716.

Денеска бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение е 54.