Двајца од патниците во автобусот кој се преврте кај Ласкарци, се уште се во критична состојба, информираат од Министерството за здравство.

Во врска со состојбата на повредените лица во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, информираме дека во моментот во Градската општа болница се наоѓаат осум пациенти, од кои еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба. Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни“, стои во соопштението.

На Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е во стабилна состојба.

Исто така, информираме дека пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.