ДУИ ја почнува изборната кампања од Дебар.

На овие избори, ДУИ ќе има модерна и интер-активна кампања со директни средби со граѓаните, од куќа во куќа и секаде каде е потребно за да се истакне дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре. Веќе е дефинирана агендата на ЦИШ, како и агендата на општинските штабови, кои што ќе имаат посебна паралелна агенда од централниот штаб и секако нашиот фокус е што повеќе граѓани да се мобилизираат и да ја изразат нивната волја, волја која не недостасува кај нашите граѓани за да означат уште еден важен чекор во насока на забрзување на нашиот пат за да станеме членска на големото европско и евроатланско семејство. Посебен интерес на ДУИ е ова кампања и овие избори да поминат во мирна, коректна, демократска и празнична атмосфера, како и доликува на една европска земја и нашите граѓани да имаат можност слободно да изберат заеднички Претседател“, велат од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција на овие избори е определена за концептот ЗА НАТО, ЗА Европска Унија, ЗА заедничкиот консензуален претседател, а не за евро скептицизам и скептицизам кон НАТО.

ДУИ е определена за инсталирање на концептот на консензуалност за главните прашања во земјата, како што е и прашањето за избор на претседател на Република Северна Македонија. По успешното заокружување на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по потпишувањето на историските договори со соседите, по уставните измени кои го отворија патот на перспективата за нашата земја, Македонија во 2019 година е европска Македонија на која и треба Претседател поддржан со консензус помеѓу заедниците во земјата. Затоа и сме максимално спремни за Претседателските избори на 21 април, затоа што на земјата повеќе од никогаш и треба Претседател прифатен од сите. 2019 година е година на големи одлуки за Западен Балкан и само еден ваков Претседател најдобро би успеел да ја балансира тежината на одлуките кои не очекуваат“, соопштуваат од ДУИ.