Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата кампања, за која најави посета на многу градови и средби со граѓани.

Таа објави и дека се сретнала и со амбасадори со кои разговарала за проблемите во државата.

Деновиве имав средби со повеќе амбасадори. На средбите заклучивме дека најголем дел од проблемите се заеднички. Еден од најгорливите е емиграцијата на младите. Каде се младите? Запустени се и селата во Кичевско и во Беровско. Само со владеење на правото, а за тоа живеам и се залагам. Само со меритократија, а не непотизам, Македонија може да оди напред, и Македонци и Албанци и Срби и Роми и Турци и Египќани и Хрвати и Бошњаци и сите останати! – напиша Силјановска.