ДУИ и СДСМ разговараат за заеднички консензуален канидат на партиите од најголемите етнички заедници, рече денес Бујар Османи.

Пресинг ТВ го праша Османи дали заради консензуалниот кандидат ќе треба да се менува Уставот, дали тој ќе се бира во Собранието, или ќе се оди на некоиј друг механизам.

„Разговараме за консензуален канидат кој ќе го имаме уште во првиот изборен круг“, рече Османи.

Во врска со се почестите барања за предвремени избори, тој рече дека во интерес на ДУИ е тие да се одржат веднаш, но државните интереси тоа не го налагаат.