Паднати дрвја преку лента на Партизанска е дел од билансот на штета предизвикана од силниот ветер што го зафати Скопје и што на места достигна и до деведесетина километри на час.

Инцидентот се случи во населбата Карпош, а сликите од масивното дрво испружено преку велосипдската патека и првата лента на булеварот, ги објавија членовите на фејзбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“.

За среќа, ова паднато дрво не предизвика некоја повреда на велосипедисти или минувачи.