Првиот човек на историската комисија за решавање на историските дилеми со „пријателска“ Бугарија, македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, не сака да го коментира интервјуто на Заев за БГНЕС, но вели дека историските прашања не треба да служат како политичка алатка.

Георгиев во изјава за DW на македонски, вели дека генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, односно историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите.

Комисијата треба да биде оставена да работи без мешање и притисок. Политиката треба да отвори простор за Комисијата, а не обратно“. Не треба да се создава тензија. Дијалогот треба да продолжи, бидејќи само така еден на друг ќе можеме да си кажеме што мислиме, и да најдеме пристапи преку кои ќе ги надминеме стереотипите. Ни треба пристапот на мултиперспективност, во кој ќе се почитуваат различните наративи, а не да се наметнуваат. Не треба да се делува избрзано, под притисок на политиката, бидејќи тоа е погубно: можеби ќе има резултати на краток рок, но тоа би било со долгорочни последици“, потенцира тој

Следната сесија на македонско-бугарската историска комисија е закажана за крајот на наредната недела