Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров доби привремена дозвола да лета низ бугарскиот воздушен простор за да може да учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи на Бугарија, дозволата важи 3 часа пред и 72 часа по наведениот датум и време на прелетување и не се однесува на членовите на неговата делегација.