Рекордно мал број иселеници се пријавени за гласање на претседателските избори на 21 април и на 5 мај. Досега пријавени се само 668, а регистирањето трае до 14 март, стои во извештајот на Државната изборна комисија.
Ако се анализира по држави и по градови, најмногу за гласање се пријавени во амбасадата во Париз, Франција, потоа во Венеција и во Љубљана.
Ги нема ни традиционалните гласачи во Австралија. Во Канбера за гласање се пријавени само девет иселеници, а во Мелбурн 19. Во Тирана, Пекинг, Москва има само по еден пријавен.
Ова е досега најмала бројка споредено со минатите избори Во 2016 год, 20.629 гласачи се пријавиле за гласање во 41 дипломатско претставништво, а слична бројка имаше и на последните претседателски избори.
Comments are closed for this post.