Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на утрешната лидерска срдба со премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев Зоран повторно ќе побара предвремени парламентарни избори. Тој денеска потсети дека опозицијата досега неколкупати бараше предвремени избори, но, како што рече, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати. Ќе се разговара и за реформските закони и иднината на СЈО.

Средбата ќе се оствари утре во 20 часот во Владата. Без учество на лидерите на главните партии од албанскиот блок затоа што за оваа средба како што изјави Заев немало потреба од формат на повеќе политички партии.