Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најави поевтин паркинг во Скопје.
На скопјани и воопшто на граѓаните на Македонија мора да им се понуди соодветно решение, алтернативно решение доколку тие би сакале и би требале да го користат јавниот превоз или пак алтернативниот превоз. Да ги користат велосипедите треба да имаат непрекината и непречена вело инфраструктура. Тоа се нивните барања и тоа е нешто кое што и претходно но и ете и сега во оваа програма е ветено дека ќе има еден навистина фантастичен проект кој што нема да го загрозува прво животот, ниту безбедноста на скопјани и ќе биде навистина квалитетно нешто како тие би можеле непречено да ги користат велосипедите“, истакна Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Арсовска додаде дека со контејнерите кои што ги постави претходниот градоначалник се соочуваат со проблеми и пешачите и велосипедистите.
„И за тоа има решение, значи тие решенија не треба да бидат ниту на пешачки, ниту на велосипедски патеки“, нагласи Арсовска говорејќи за контејнерите кои што ги постави Шилегов