БРТ системот или популарно наречен „автобуското метро“ беше еден од клучните проекти кои ги најавуваше и започна да ги спроведува претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ најави можно распишување на референдум за тоа дали скопјани поддржуваат воведување на „Бас рапит транзит“ (БРТ) системот во јавниот превоз на главниот град или не.

„Референдумот е една од опциите за граѓаните да излезат и да одлучат. Не само за ова, ќе почнеме да го практикуваме и за други работи“,

рече Арсовка на Канал 5 ТВ.