Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лaјен денеска попладне ќе пристигне во посета на Република Северна Македонија, со која ќе ја започне нејзината турнеја низ регионот на Западен Балкан.

Како што најавија од владиниот Сектор за односи со јавноста, премиерот Димитар Ковачевски заедно со владина делегација ќе ја пречека претседателката на ЕК Фон дер Лајен пред платото на Владата.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Главната порака која ќе ја пренесе претседателката на Европската Комисија, е посветеноста на ЕУ за европската интеграција на регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан е во контекст на војната во Украина и енергетската криза, а целта е да му се пренесе на регионот дека тој е важен за Европската Унија, најави портпаролот Ерик Мамер.

– Оваа посета се разбира се одвива во посебен контекст, кој е контекст на последователни кризи, прво ковид, а сега војната во Украина и нејзините последици, рече Мамер.

Како што и самата најави минатата недела од Стразбур, еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување енергенси со земјите од ЕУ. Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите