До 13 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 294.048 гласачи, односно одѕивот е 20,74%.

Највисок одѕив има во Новаци 43,70%, a најнизок одѕив  имало во Липково, каде според податоците кои досега стигнале во ДИК на гласање излегле 11,65% од запишаните гласачи.

На изборите учествуваат вкупно 10.831 кандидат од 31 политичка партија и коалиции и 91 група избирачи.