Најдобриот грузиски тенисер, Николоз Басилашвили денеска ќе игра во финалето на Индијан Велс. Тој важи за контроверзна личност со многу проблеми во приватниот живот и во спортската кариера. Бизнисменот Иракли Качарава од неговата земја му  бара 30 отсто од заработувачката поради договорот за спонзорство кој бил потпишан ппред шест години.

Качарава тврди дека помогнал да ја стартува кариерата на светскиот рекет број 35 во 2015 година, покажувајќи документ според кој треба да добие 1.5 милиони долари од тенисерот, кој досега во кариерата заработил 6.046.000 долари, и дополнително дел од неговите спонзорски договори.

29-годишниот Басилашвили беше тужен и од неговата поранешна сопруга Нека Дорокашвили за домашно насилство.