Македонската дипломатија е киднапирирана од страна на ДУИ. Најновото барање на министерот за надворешни работи од Мала Речица Бујар Османи дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан ги исплаши нашите граѓани кои видоа можност да најдат работа во Србија или Албанија.
Според официјалните податоци,2.200 лица се пријавиле тна слободниот пристап до пазарот на трудот.
„Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“ . Најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји. Османи сака сево ова да го уништи.
Повеќе од очигледна е причината зошто Османи сака Македонија да излезе од „Отворен Балкан“.Го боли што таму не е Косово а лидерската улога ја има Србија. За Македонија најмалку се грижи.
Следен чекор кој може да се очекува од дипломатијата на ДУИ денеска во рамки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да поддржи Косово да стане членка. Ова е спротивно на сите меѓународни правни норми бидејќи Косово не е членка на Обединетите нации и според Уставот на Србија која е постојана членка на СЕ Косово е нивен составен дел.
И како капак на однесувањето на Османи е најавата дека Македонија ќе биде промотор во Обединетите нации да се изгласа Резолуција за Сребреница според која Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ.
Османи веројатно не знае или се прави дека не ја знае дефинцијата за геноцид и оти тоа е системско уништување на еден народ или нација. Тоа секако го немаше во Сребреница каде имаше војна во која гинеа и се убиваа од двете страни.
Впрочем и неговата партија додека го носеше името УЧК или ОНА беше дел од една војна, или конфликт, како сака нека ја нарече. И во Македонија се убиваа луѓе Бујаре.
Конкретни резултати за граѓаните и компаниите од Отворен Балкан
Движењето на земјоделските и прехранбените производи меѓу трите држави оди значително побрзо откако на граничните премини Табановце и Ќафасан се воведоа посебни зелени ленти за камионите од Отворен Балкан преку кои контролните механизми се спроведуваат многу побрзо бидејќи контролите сега функционираат 24 часа и истите се меѓусебно признаени, па нема веќе потреба од тројни контроли во три држави. Воспоставување на единствен електронски ситем за наплата на патарина во сите три земји на „Отворен Балкан“.
Comments are closed for this post.