Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на стартот на денешната седница за уставните измени, побара точката да се тргне од дневен ред.

Ова Собрание нема изборен легитимитет да влегува во таква процедура.  Се распиша референдум, но и тука Уставот е прецизен. За промена на Устав не пости консултативен референдум. Одлуката на референдумот е задолжителна. Предлагам од формално правен карактер да се симне трочката бидејќи ова Собранние нема ниту изборен, ниту референдумски легитимитет да пристапи кон менување на Уставот. Се што треба да направиме денеска е да го артикулираме гласот на граѓаните, односно да констатираме дека овие уставни измени не можат да бидат составен дел од Уставот на Република Македонија, рече Димовски.

Предлогот на Димовски беше ставен на гласање, но беше отфрлен од мнозинството пратеници, по што денешната седница на Собранието започна со единствена точка по предлог за измена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.