Судијата Огнен Ставрев на рочиштето за предметот ТНТ му дозволи на обвинетиот и поранешен премиер, Никола Груевски, да присуствува на собраниската седница на чиј дневен ред е предлогот за пристапување кон уставни измени.

Груевски, пред почетокот на рочиштето, побара од Судот да му дозволи како пратеник да присуствува на собраниската седница. Притоа тој истакнал дека досега не се повикал на пратеничката функција, но оти смета дека поради важноста треба да присуствува на седницата.

Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, немал ништо против предлогот, по што судијата Ставрев го одложил рочиштето за 25 октомври.

Предметот ТНТ се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски. Во судницата, покрај Никола Груевски, биле присутни сите обвинети, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешнот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.