Уставните измени да се ограничат со рок до кога ќе важат ако дојде до распаѓање на ЕУ и во Преамбулата барем на две места да не се додава придавката Северна.

Ваков предлог на денешната седница на Комисијата за уставни прашања изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој смета дека на предлогот може да се гледа како на забеган, фанатичен и романтичен, но дека и владата не е среќна што предлага вакви амандмани.

И бидејќи измените се прават со цел членство во ЕУ и НАТО треба да се прецизира до кога би траеле уставните измени.

Ставот на премиерот Заев е дека измените се прават за подобра и постабилна иднина на граѓаните, а не само поради членството.