Министерот за надворешни работи Никола Димитров должи неколку одговори до јавноста по денешното сведочење на конзулот на Летонија во Македонија, Зоранчо Митровски. Бизнисменот му се пожалил на нерезидентниот амбасадор на Летонија дека е жртва н рекет.

Амбасадорот пак во март годинава разговарал со Димитров од кого добил уверување дека Митровски нема да има проблем со СЈО и дека се ќе биде во ред.

По јавното признание на бизнисменот Димитров мора да одговори дали и кому пријавил дека од страна на Јовановски и Јанева се врши Рекет и зошто во изјави и коментари на социјалните мрежи продолжил да дава поддршка на СЈО.

Така, Димитров во јули годинава велеше дека не знае која е земјата што му дала поддршка на бизнисменот да проговори за рекетот.

Во септември пак од Кабинетот на Димитров тврдеше дека министерот не бил информиран за “Рекет“ од амбасадорот на Летонија.

По денешното сведочење на Митровски се покажа дека Димитров сепак знаел за рекетот и оти бил известен од амбасадорот.

Во август годинава Димитров на Фејсбук напиша оти имал лошо претчуство  и затоа не се сретнал со Боки.Сепак, не станувало збор за претчуство туку министерот имал конкретни информации за рекетот на Јовановски.