Заев се плаши од соочување со народот. Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност. Зоран Заев знае дека сето ова негово владеење, кое е препознатливо по виткање на кичмата, рекет, изнуди, уцени, трговија со националните интереси, тепање на граѓаните и праќање на рекетари, народот не го одобрува. Затоа Зоран Заев не сака соочување со народот. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, на Зоран Заев во овој момент очајно му е потребно алиби за одложување на изборите.

Првото алиби му беше усвојувањето, односно ратификувањето на протоколот за влез во НАТО, кое не му успеа, затоа што таквото алиби беше лесно разобличено од ВМРО-ДПМНЕ. Следното алиби кое што го креира Зоран Заев, на неколку недели пред распуштањето на Собранието, е поднесувањето на стотици закони во собранието, повеќето од нив со скандалозна содржина, штетна за граѓаните и апсолутно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе потсетам таму има закон за промена на изборниот законик односно изборниот модел, за кој нема политички консензус. Потоа има закон за армијата, каде ние велиме ќе го прифатиме, освен промената на името на Армијата, што преставува обезличување на истата. Ние нема да прифатиме закон за обезличување на столбот на Македонија, АРМ по ниедна цена, а особено не сега не треба да и биде променето името и тоа не може да го бара никој од нас, подвлече Николоски.

Според Николоски, шверцерското и насилничко туркање на законите без дебата по брза постапка има за цел Заев да создаде криза во државата, со цел да се одложат изборите.

Таа намера ја потврдува и вчерашната негова изјава но и пазарџиските неформални услови и уцени кои доаѓаат до нас да сме ги прифателе законите инаку немало да има избори. Се поставува логичното прашање – што работеше Заев и неговиот тим овие три години, зашто не ги донесоа законите во изминативе три години туку на сила ги туркаат сега на еден месец пред распуштање на Собранието. И зошто бараат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ си имаат мнозинство, а во секоја демократија мнозинството ги носи законите. Или можеби го немаат мнозинството? Дополнително ваквото сценарио е надополнето со паничната партизација на полицијата, масовни вработувања на партиски кадри во здравството. Направена е и незаконска и криминална систематизација во МВР. Службениците во МВР по цел ден куцаат решенија за прераспределување и за нови позиции, 1.200 решенија се поделени за еден ден, спротивно на закон се укинува единицата АЛФА, се формираат нови одделенија, а воедно на спорен начин се прераспределуваат луѓе“.

Во здравството, потенцираше тој, испратен е допис со кој се бара сите здравствени установи да достават барања за вработувања за да може да се истите процесуираат до Министерство за финансии.

Овде се работи за стотици вработувања на партиски кадри, роднини и пријатели на функционери на власта. Такви веќе, над 150 по број се случуваат во МЕПСО и во ЕЛЕМ. Меѓу другото се продолжува со задолжување на државата, на скандалозен начин се предлага амнестија за кодошите оние кои што беа илустрирани и укинување на истата таа лустрацијата што значеше расчистувања со темните страни на комунизмот. Сакам да ги предупредам сите раководители и останати лица кои имаат овластувања и потпишуваат масовно акти во овој период – да внимаваат. Многу да внимаваат. Да го следат законот, зашто за секое незаконско дејство ќе има одговорност без разлика за кого се работи, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев е уплашен и се плаши од соочување со народот.

Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение. И доколку овој пат ги стави своите интереси пред интересите на државата и на народот со цел да се спаси од одговорност и да продолжи со пљачката на државата, ќе се соочи со гневот на народот, гневот на ВМРО-ДПМНЕ и гневот на цела Македонија. Ние ќе дејствуваме во заштита на демократијата без прифаќање на уцени и заедно со народот. Ударот ќе е голем и ќе е народен. Затоа ајде на избори за доброто на Македонија, народот нека одлучи!, заврши Николоски.