Треба да изнајдеме начини надворешната политика да не се доведе до ниво на внатрепартиски препукувања.

Изгубивме генерации околу ЕУ и НАТО, па затоа во Договорот од Преспа се обидовме да вметнеме механизми врзани со нашето членство во НАТО и со отворање на пристапниот процес. Тоа значи дека промената на документите за внатрешна употреба директно ќе зависи од отворањето на поглавјата, рече Димитров на денешната расправа на Комисијата за надворешни работи.

Димитров прво даде кусо потсетување за досегашниот евроинтеграциски процес на земјава, потсетувајќи дека 14 години сме земја кандидат за членство со десет препораки за почеток на преговори, нарекувајќи ја нашата кандидатура за членство посебен случај.

– Треба да изнајдеме начини надворешната политика да не се доведе до ниво на внатрепартиски препукувања. Изгубивме генерации околу ЕУ и НАТО, па затоа во Договорот од Преспа се обидовме да вметнеме механизми врзани со нашето членство во НАТО и со отворање на пристапниот процес. Тоа значи дека промената на документите за внатрешна употреба директно ќе зависи од отворањето на поглавјата, рече Димитров.

Тој нагласи дека тезата дека Договорот од Преспа го продал најсветото е дрска и оти се заштитени македонските национални интереси.