Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Финска, Мати Антонен, кој денеска е во работна посета на Република Македонија.

На средбата, Димитров истакнал дека континуираната поддршка од Финска за евроинтеграциите на Република Македонија, е од посебно значење за земјата и претставува поттик за Владата да продолжи и понатаму посветено да работи на исполнување на сите неопходни критериуми за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

Министерот Димитров и државниот секретар Антонен искажале уверување дека Првата меѓувладина конференција меѓу Република Македонија и ЕУ, ќе биде одржана токму за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, следната година.