Не можеме да бидеме задоволни без одлуката за преговори. Мислам дека нашиот успех ќе биде важен сигнал за целиот регион, дека европската врата е отворена. Доколку такво нешто не се случи тоа ќе биде точка на европската перспектива, рече денес министерот за надворешни работи на Северна Македонија на заедничката прес-конференција со Мирослав Лајчак, неговиот колега од Република Словачка и актуелен претседавач со ОБСЕ.

„Товарот во наредните неколку месеци е на земјите-членки. Зашто ние испорачавме. Многу е важно ЕУ да покаже дека е сериозна во однос на европските перспективи на регионот“, рече министерот Димитров.

„Наша цел е да почнеме преговори во декември годинава“, истакна македонскиот шеф на дипломатијата.

Неговиот колега од Словачка, Мирослав Лајчак, кој е и претседавач со ОБСЕ, рече дека на состанокот во Луксембург на министрите за надворешни работи никој не бил против Северна Македонија“. Тој рече дека лично се надева оти Македонија до крајот на октомври ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со Унијата.

Лајчак, кој учествуваше на министерскиот совет рече дека „никој од 28. присутни во просторијата не и рече „не“ на Северна Македонија“, но и тоа дека „за некои членки проширувањето не е клучно прашање“.

„Има членки кои се против Албанија, позната ви е резолуцијата на Холандија. Некои земји-членки сметаат дека сега се важни прашања за Брегзитот и за внатрешната консолидација“, додаде Лајчак.

На крајот на заедничката прес-конференција Димитров истакна дека сега како важна работа останува иднината на СЈО, не само за нашата земја, туку и за некои членки на ЕУ.