Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус сè до последниот чин во процесот – зачленувањето, соопшти денеска поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, споделувајќи го извештајот.