Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, му удри вистински шамар на шефот на државата Стево Пендаровски. Гостувајќи во емисијата Топ тема на Телма телевизија, Димитров ги оцени обидите за ново судење за настаните од „27 април“ како „ништење на сопствената држава“, зашто целиот демократски свет ги оценил како „најцрн ден за македонската демократија“.

Кокетирањето со тоа, секое разводнување и релативизирање на тој настан е противдржавна политика, изјави меѓу другото вицепремиерот Димитров.

Во своето последно интервју, претседателот Стево Пендаровски изјави, парафразирано, дека ако има нови докази, тогаш би можело судењето да биде обновено и секој од осудените лица да биде суден за стореното кривично дело. Зашто, како познавач од областа на безбедноста и тероризмот, настаните од „27 април“ не биле тероризам.

Покрај Пендаровски и други истакнати интелектуалци и експерти, познавачи на кривичното право, сметаат дека „27 април“ не бил чин на тероризам. И ако сите тие, според логиката на Димитров, водат противдржавна политика, тогаш повеќе од половината граѓани во државата треба да одговараат и да се најдат во затвор.