Претседателот, Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

На средбата беа разменети мислења за севкупните состојби во Република Северна Македонија, како и за состојбите во регионот. Двајцата соговорници разговараа и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и министерот Димитров се согласија за потребата од конкретна и суштинска соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Министерството за надворешни работи за прашањата од споделена надлежност, а во функција на усогласен настап на меѓународен план и реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија“, соопштуваат од Кабинетот на Пендаровски.

На средбата се разговарало и за функционалноста на постоечката дипломатска-конзуларна мрежа и за потребата од скорешно пополнување на приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва, со цел непречена реализација на надворешно-политичките приоритети.

Претседателот Пендаровски и министерот Димитров изразија очекување за валоризација на севкупните напори на земјата од страна на Европскиот совет и одредување на датум за пристапни преговори на Република Северна Македонија со Европската унија“, се наведува во соопштението од Кабинетот.