Репликата дека Македонците се  „нација со комлекс“ е извадена од контекст, тврди министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во јавноста се крена голема врева по неговиот настап на собраниската седница за уставните измени.

Шефот на дипломатијата збори за нација со комплекс која мора да бара корења 2000 години назад. Но во изјава за 360 степени на Алсат – М Димитров објаснува дека се осврнал на тврдење на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој дебатирајќи во 2010 година рекол дека со проектот “Скопје 2014” ние за прв пат градиме македонски идентитет.

Во светот каде што прв пат се гради македонски идентитет во 2010 година копајќи 2000 години наназад тоа е проекција на комплекс на инфереиорност, вели Димитров.