„Слушнав дека во партијата ДПНЕ немаат став. Тоа е бегање од одговорност, особено што станува збор за партија која од 2005 година вика за референдум. Сега имаме решение за проблемот, на маса е, има референ дум, а нема став. ДПМНЕ нема став, ќе видиме дали ВМРО има став. Ова прашање не е партиско, не е за Владата, ниту за Ссобранието, ниту за градските власти. Ова е прашање за државата и за сите нас“, рече денес министерот за надворешни рабти, Никола Димитров на трибината во Прилеп насловена „Излези за европска Македонија“.

Министерот Димитров, кој заедно со премиерот Заев неколку дена престојуваше во САД, рече дека ако успее овој процес, државата и институциите ќе бидат Република Северна Македонија.

-Државјанството ќе биде македонско, со коса црта граѓанин на Северна Република Македонија. Народот ќе биде – македонски, заедно со сите наши сограѓани кои се дел од другите народи. Јазикот ќе биде македонски. Ќе биде официјален јазик на 500 милиони луѓе. Досега со ЕУ немаме потпишано ниту една хартија со македонски јазик поради овој проблем. Затоа е афирмација. И мене не ми е пријатно што ова мораше да се реши за да го најдеме тој пат, ама во тоа е одговорноста. Како Македонци ќе влеземе во НАТО и како Македонци ќе чекориме во ЕУ. Минатото е важно, но не можеме да го смениме, туку само да научиме лекции, а иднината е таа која може да ја промениме, рече Димитров.

Тој истакна дека за 30 септември нема никакви оправдувања, тој ден е влог во иднината на нашата држава, за нас и за нашите деца и родителите.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ова е историски момент во кој Македонија ќе се дели на два периода: на пред и после референдумот. Денеска е моментот кога мораме Македонија да ја направиме дел од европското семејство и семејството на НАТО.

По 30 септември, рече Спасовски, нема место за националромантичари во македонската политика, ниту место за луѓето кои ќе градат политика на штета на народот, зашто сите преку НАТО ќе ги гарантираме стабилноста и безбедноста.