Пожар го зафати ноќниот клуб Станица 26, што се наоѓа во центарот на Скопје. Уништени се салата на клубот и дел од фоајето.

Како што изјави за МИА, командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески, пожарот избувнал попладнево, а интервенцијата е успешно завршена.

Во гаснењето на пожарот интервенираа десет пожарникари со четири противпожарни возила, по телефонска дојава на 193 – информира Томески.

Засега не се познати причините за пожарот