Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија има нов член. Станува збор за Димитар Љоровски од Инстутутот за национална историја.

Љоровски веќе е одобрен од Владата на затворена седница и утре ќе седне на столчето заедно со останатите историчари од Македонија и Бугарија, објави ТВ24.

Љоровски е македонски историчар и професор во Институтот за национална историја — Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон историјата на Балканот во доцноосманлискиот период,  и Македонското револуционерно националноослободително движење.

Утре и во четврток, македонските и бугарските историчари во скопје ќе имаат нова средба, а на масата повторно ќе ги стават учебниците за 7-мо одделение и темата Гоце Делчев.