Врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и на Република Македонија, во земјава пристигнаа девет припадници со пет полициски возила на словачката полиција .

Амбасадата на Словачка во Скопје соопшти дека словачките полицајци ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција,
со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување – се наведува во соопштението.