Двајцата млади родители, според достапните информации потекнуваат од Скопје, но се израснати во Франција. Се враќале кон нивниот дом, во близината на Лион, Франција, од летен одмор. Увидот на сообраќајната полиција покажа дека возачот ја предизвикал несреќата бидејќи заспал зад воланот.

Голфот со кој патувале се забил под приколката на камион кој бил паркиран во зона за одмор. На местото на несреќата веднаш интервенирал единицата позната како 118, која била повикана од страна на моторџија кој поминувал на тој дел од втопатот.

Несреќата се случила во три часот по полноќ, на автопатот Пјаченца – Торино, во областа Павија

Спасувачите веднаш регистрирале дека станува збор за сериозна сообраќајна несреќа со последици.

„Не останало многу да се направи за младиот македонски пар, пишува италијанскиот весник Месаџеро и пренесува дека здобиените повреди од ударот во камионот биле многу сериозни.

Нивното бебе, од друга страна, за чудо останало неповредено. Било врзано во седиштето на задната страна од автомобилот кој речиси е комплетно уништен. Исплашено и во плач, останало недопрено. Бебето веднаш било качено во хеликоптер на единицата 118 и пренесено во болницата Нигуарда во Милано.

Докторите од здравствениот центар потврдиле дека бебето нема никакви последици. Неговата приказна на шестмесечно бебе кое ги загубило родителите длабоко ги погодило спасувачите од единицата 118 и лекарите од болницата во Милано каде било префрлено. Сега се чека да пристигнат роднините и да се грижат за него.