Гледајќи ја целокупната работа на правосудството, според специјалната обвинителка Катица Јанева не може да се каже дека Обвинителството кое таа го води потфрлило.

Таа вели дека остануваат посветени на мандатот, предметите кои ги водат и  обезбедување на што повеќе докази.

ОБСЕ пак во последниот Извештај наведува низа критики за СЈО. Во Извештајот кој се однесува на предметите кои се стигнати до судски рочишта го критикува СЈО дека во дел од предметите презентира непотребно многу докази и сведоци како и тоа дека не ги предало на одбраната прислушуваните разговори како докази.